Четврток во тексасно здолниште и бела кошула
•
24 август 2017
Нашата денешна предлог-комбинација е со женствена нота, но воедно и мошне практична. Се одлучивме за широко тексасно здолниште на ластик, кое одлично ќе ви се најде, особено ако варирате со тежината. Го комбинираме со класична бела кошула и сандали на висока, дебела потпетица.
Кога се модните додатоци во прашање, мала тексасна чантичка, со цветни украси ќе ја збогати комбинацијата и ќе ѝ даде женствен и нежен тон.
Ние си замисливме дека жената што ја носи оваа комбинација носи и очила, па одбравме такви со сини рамки.
На крајот додаваме нежно карминче и ѓердан сличен како украсите на чантата.
Ви посакуваме убав ден!