Трето издание на HFW Expo овој септември

5 септември 2017

Септември е месецот со кој започнува сезоната на нови почетоци, прифаќање на нови здрави навики, започнување со спортска активност, правилна исхрана, нови методи за релаксација, грижа за здравјето и изгледот, кои потоа се трудиме да ги одржиме во текот на целата година.

Па така, и овој септември, викендот 23-ти и 24-ти, е резервиран за третото издание на Health, Fitness & Wellness Expo.

Овој пат настанот е во нов, outdoor концепт, на нова локација - во Градскиот Парк во Скопје. Програмата и двата дена ќе трае од 11 до 19 часот, а настанот поточно ќе биде лоциран на терените “Работнички”.

Двете успешно реализирани изминати изданија, кои покрија огромен број на теми за здравиот начин на живеење, здравата исхрана и спортувањето, козметиката и грижата за себе низ секое поле, укажуваат на фактот дека интересот за оваа тематика кај македонската публика сè повеќе се зголемува.

Програмата ќе биде распределена на дури четири сцени и тоа: Health Zone, Fitness Stage, Wellness Corner и Kids Corner. Дополнителен анимациски агол е предвиден и за натпреварот со препреки и  многу вредни награди за оние кои ќе учествуваат и ќе остварат најдобри резултати.

Посетителите ќе посведочат на бројни бесплатни корисни совети и информации, промотивни понуди, едукација, вредни награди, отворени бесплатни тренинзи, третмани и тоа за сите возрасни граници, потреби и навики. Токму затоа, посетителите на овој настан се од најразлични возрасни групи, пол и професии. 

Дополнителни информации има и на Фејсбук фан страната и официјалниот Фејсбук настан.

Објавено:
5 септември 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
196 пати