Павле од „Моделс ИН“ заштитно лице на козметички бренд

23 септември 2017

Според последните модни истражувања се потврдува фактот дека мажите во последните десет години многу повеќе се негуваат и купуваат козметички препарати.

Дури и помалите модни куќи имаат свои линии на производи за нега и убавина кога станува збор за машката популација.

„Старото модно правило вели ... кога некој се грижи за себе и постојано вложува успехот е неминовен. Како последен пример за тоа е соработката која се случи неодамна помеѓу нашиот интернационален машки модел Павле Николовски со козметички бренд чии производи се наменети и за мажи и за жени“, вели Алек од модната агенција Моделс ИН.

Павле Николовски е докажан модел со интернационално искуство, кој веќе пет години дел од модната агенција Моделс ИН, па оваа соработка се наметна како природен тек во развојот на неговата кариера.

Објавено:
23 септември 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
997 пати