Нашиот модел Павле Николовски дел од победничката ревија на конгресот за фризери во Турција

24 октомври 2017

Еден од најдобрите босански фризери и стилисти, Махир Синанович, ја освои наградата за најдобра ревија на фризерскиот конгрес што неодамна се одржа во Сиде, Турција.

Како единствен машки модел на ова спектакуларно шоу настапи и нашиот манекен Павле Николовски од модната агенција Моделс Ин, на кој му се препишува и големиот успех на ова модно шоу.

„Николовски ја донесе ревијата до совршенство, за на крајот таа да биде наградена и прогласена за најдобра. Јас секако, го осмислив целиот концепт за шоуто, а интересно беше тоа што како музичка позадина ја користевме песната на Божа Вречо, „Елма", за што добивме негова согласност, изјави Синанович.

Инаку во рамките на овој престижен интернационален конгрес за фризери, учество земаат повеќе од 70 земји меѓу кои и Турција, Македонија, Босна и Херцеговина, Германија, Шведска итн.

Објавено:
24 октомври 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
342 пати