Коко Роша го заокружи летувањето во Турција со ревија за Манго на Босфор

3 септември 2014

Прекрасната Коко Роша вчеравечер го заокружи нејзиното летување во фасцинантната Турција со ревија за новата колекција на шпанскиот бренд Манго.

Имено, канадскиот топ модел од средината на Август уживаше во убавините на неодоливата Турција каде ги посети сите позначајни знаменитости, за потоа на неколку дена да замине и во шармантниот Мароко.

Вчеравечер, таа повторно се врати во Турција за да биде дел од одличното модно шоу на Манго, кое овој пат се одржа покрај фамозниот Босфор каде гостите уживаа во новите модели на брендот, но и во мирисот на морето што опива.

Како што и се очекуваше, таа предизвика големо внимание во Турција каде и да се појавеше.

На нејзиниот Инстаграм профил постојано објавуваше фотографии под кои речиси секој опис беше дека таа е апсолутно фасцинирана од убавините на земјата.

По сѐ изгледа, светската менекенка најмногу уживала на тамошното Памукале кое се смета за една од најубавите природни убавини во светот.

Во продолжение, погледнете како Коко Роша ужива во убавините на неодоливата Турција!

Објавено:
3 септември 2014
Категорија: 
Сцена