Џесика Алба преферира лежерност во својот труднички стил

27 октомври 2017

Холивудската мама Џесика Алба е пример за трудница која умее да направи совршена комбинација на лежерен и стилски изглед, она што всушност е и карактеристика на нејзиниот вообичаен имиџ.

Иако е веќе во своите последни месеци од бременоста, актерката честопати е фотографирана на нејзините деловни патувања, секогаш во внимателно одбрани комбинации што пред сѐ ѝ обезбедуваат комфор, а сепак изгледа беспрекорно.

Најчесто нејзин избор се рамни чевли или патики на платформа, макси кафтани, романтични долги фустани и впечатливи кратки јакни.

Алба е бремена со своето трето дете.

Фото: Splash News

 

 

Објавено:
27 октомври 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.840 пати