Тоа е што е студено надвор не значи дека треба да заборавите на фустаните. Токму затоа, ние овој вторник имаме предлог-комбинација која вклучува такво парче.

Се работи за плетен фустан со долги ракави во портокалова нијанса. Го комбинираме со кариран капут со портокалови, розови и црвени ленти.

На тоа додаваме сиви чевли, со дискретен кариран дезен како на капутот, и портокалова чанта.

А вие додадете кармин, добро празнично расположение и имајте убав ден!

Објавено:
26 декември 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.217 пати