Бакнежот на Мерил Стрип и Роберт де Ниро ги изненади сите!

10 јануари 2018

Во Њујорк вчера се одржаа „Review Awards“ наградите, но она за што денеска сите пишуваат е бакнежот на Мерил Стрип и Роберт де Ниро.

Мерил ја освои наградата за најдобра актерка за остварувањето „The Post“ , а Роберт ѝ ја врачи, со сочен долг бакнеж.

Тоа беше доволен повод да се заборават „Златните глобуси“ и случувањата врзани за таа манифестација и ова да стане вест на денот.

Двајцата актери се долгогодишни пријатели. Нивната професионална соработка започнува во 1978 година, со остварувањето „Deer Hunter“, а оттогаш трае и пријателството.

Оваа нивна средба беше исполнета со многу емоции, па не можеа да ги сокријат ниту солзите.

Инаку, Мерил и овој пат остана доследна на темните комбинации. За пригодата одбра тегет сатенски фустан во комбинација со светкава тантелна наметка и црни чизми до колена.

Објавено:
10 јануари 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.415 пати