Како подолго да го задржите исончаниот тен

31 август 2013

 

 

Без врела вода

Капењето со врела вода ја суши кожата, што води до нејзино брзо лупење. Умерената топлина на водата и гелот за туширање на база на масло се вашите сојузници.

 

Хранете ја кожата

Еден од најдобрите начини да го задржите исончаниот тен е редовното хидрирање на кожата со богати лосиони. Млекото за тело со мирис на кокос ќе ве потсети на лето и море, а што е поважно ќе ја нахрани кожата на која по изложувањето на сонце ѝ е неопходна хидратација.

 

Креми за самопотемнување и бронзер

Исончаното лице е првата работа што се забележува кога ќе се вратиме од летен одмор и најмногу жалиме кога бојата почнува да избледува. Но, и за ова има решение - употребете малку крем за самопотемнување или бронзер и ќе го добиете посакуваниот ефект.

 

 

Носете бело

Стар, ама исклучително добар трик. Светлата боја ќе создаде илузија на уште потемна кожа. Бела маица, розов кармин и малку бронзер на образите се најдобра комбинација за истакнување на вашиот секси тен.

 

Бебешко масло

Неколку капки бебешко масло во спреј рамномерно нанесени на телото ќе ја истакнат бронзената боја.

 

Бета каротен

Истражувањата покажале дека храната со бета каротен помага вашето тело одвнатре да делува на тенот. Најдобри природни извори на овој минерал се кајсиите, мангото и морковите.

 

Пијте вода

Иако веќе не сте на температура од плус 30, тоа никако не значи дека треба да го смалите внесот на вода. Со хидрирањето одвнатре ќе им помогнете на животот на сите клетки, вклучувајќи ги и оние исончаните на површината на кожата.

 

Објавено:
31 август 2013
Категорија: 
Убавина