Во неделата вечер во Лос Анџелес се одржа NBA All Star натпреварот, а честа да ја отпее американската национална химна ја имаше пејачката Ферги.
Таа на публиката ѝ понуди некаква нова, џез верзија на химната, што предизвика бројни негативни коментари, не само за верзијата, туку и за нејзината изведба.
Ден потоа, светските медиуми сè уште пренесуваат за лошата вечер за Ферги, нарекувајќи го нејзиниот настап како „комплетен дебакл“ и дека ова е најлошата изведба на химната на сите времиња.
Barkley: Can we talk about Fergie's National Anthem... pic.twitter.com/RwZMYpLzsr
— Dime on UPROXX (@DimeUPROXX) February 19, 2018
Да се ублажи поразот што го доживеа вечерта, таа доби пофалби на сметка на изгледот. Се појави во црн фустан од тантела, со транспарентни делови и откриени раменици. Со оглед на тоа дека ја следеше линијата на телото, сите забележаа дека 42-годишната Ферги одлично ја одржува линијата.
Со оглед дека се крена голема фама, конечно се огласи и пејачката, која воедно и се извини на публиката.
„Секогаш ми било чест да ја изведувам националната химна, а вчера се обидов да ја направам посебна за NBA. Како уметник, секогаш преземам ризици. Очигледно, мојата обработка не го постигна саканиот резултат и не допре на начин на кој што мислам. Ја сакам оваа земја и навистина дадов сè од себе“, се вели во соопштението до јавноста.
За вас што пропуштивте да ја слушнете, имате можност тоа да го сторите во продолжение: