Со оглед и на тоа какво време нè очекува викендов, претпоставуваме дека ќе сакате да го поминете во опуштена варијанта.

Доколку се одлучите за некоја прошетка или кафе со пријателите, или пак сакате да ги фатите последните попусти низ продавниците, ние ви даваме предлог за тоа како можете да изгледат или што да купите.

Нашиот денешен предлог е темен тесен џинс, кој го комбинираме со блуза со плетени топчиња во различни бои, што ја прават весела и несекојдневна.

На тоа додаваме топла јакна со ретро нота во портокалова нијанса. Изгледот го комплетираме со тегет чизми до глужд на врзување и округла чанта во слична нијанса со јакната.

Што и да одлучите да правите, ние ви посакуваме убав викенд!

Објавено:
3 март 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
589 пати