Крајот на работната недела го боиме во кафени и беж нијанси. Нашиот денешен предлог е лелеаво фустанче со ракави, со интересен принт.

Го комбинираме со високи кафени чизми, а на комбинацијата додаваме и беж јакна од велур.

Кога се модните додатоци во прашање, се одлучивме за мала чанта во слична нијанса со јакната. Карминот во кафени нијанси, во случајов, е задолжителен, како и доброто расположение.

Завршете ја работната недела на забавен начин.

Имајте супер петок!

Објавено:
16 март 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
788 пати