Брук Шилдс се пофали со своето тело

27 март 2018

Актерката и некогашен модел Брук Шилдс вчера на својот Инстаграм профил објави фотографија во која е во бикини, што беше доволно сите светски медиуми денеска да пишуваат за неа.

Таа е во шестата деценија од животот и изгледа одлично, па нема причина зошто тоа да не го покаже.

Во август минатата година ќе се пошегува на своја сметка, велејќи: „Ме нарекуваат икона на убавината. Но, да немав диплома и почести од универзитетот „Принстон“, веројатно ќе се посомневав во тоа. Но, фактот дека имам диплома, значи дека никој не може да го оспори моето знаење“.

Инаку, Брук Шилдс ја започнува својата кариера како модел во 1966-та година, кога има само 11 месеци. Нејзиниот прв ангажман е за сапунот „Ејвори", фотографирана од страна на Франческо Скавуло.

На 14 години ја има својата прва насловна за „Вог" и е најмладиот модел кој некогаш се појавил на насловната на ова престижно списание.

Но, денес 52-годишната актерка, немала ни малку едноставен животен пат, а на тоа ве потсетуваме на линкот ТУКА.

Она што е сигурно е дека од сите пребрејжа излегла посилна и научила да се сака себеси, а овие фотографии говорат токму за тоа. 

Инаку, и пред две години сподели слична ваква фотографија, а линијата оттогаш не се сменила. Но, не крие дека зад овој изглед се крие вежбање и нега.

 

Објавено:
27 март 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.158 пати