Црвениот килим во Милано, Париз и Њујорк беше разгазен со некои од најубавите модели на обувки кои ќе царуваат во сезоната која доаѓа. Направивме сублимат на некои од најмаркантните модели кои беа забележани од фото објективите.
Балетанки, чизми и чевли со високи потпетици беа на менито во најразлични бои, форми, изработени од фини ткаенини и интересни материјали, како резултат на генијалноста на дел од најкреативните умови на модната сцена. Буквално сите вкусови се задоволени, а можеме да констатираме дека во основата ја имаат класиката и формата на една викторијанска ера, во комбинација со периодот од 50-тите се до 70-тите, надополнети со темни и чисти нијанси на бои, збогатени со оригинални детали, везови и апликации. Вистинско богатство за оние кои слепо ги следат трендовите.
Погледнете ја галеријата и воодушевувајте се на совршениот и уникатен избор на обувки за оваа сезоната што доаѓа: