Трендови што невестите ќе ги обожаваат во 2019

2 мај 2018

Кога станува збор за венчаниците, се чини познатите светски дизајнери направија интересни избори кои девојките ги обожаваат. Речиси сите колекции што ги прикажаа, вклучуваат малку поинакви фустани од оние во кои сме навикнати да ги гледаме девојките.

Познатата дизајнерка Вера Ванг во својата нова колекција смести фустани во боја, а истото го направи и Сара Џесика Паркер која во својата прва колекција вметна едноставни модели на фустани во невообичаени бои.

Ако наскоро планирате свадба, тогаш погледнете што е она што светските трендови го наметнуваат, иако не мора да се сложите со истите.

1.Впечатливи цветови

Изминатите неколку години речиси кај секоја венчаница можевме да видиме деликатна тантела на која внимателно се извезени мали цветови кои беа дури и незабележителни. За следната сезона, фустаните се нешто повпечатливи, а на истите се додадени големи и уникатни цветови во разни бои кои се навистина интересни.

2.Пердуви како модни додатоци

Без разлика дали ќе одберете пердувите да бидат дел од вашата венчаница, да ги носите како моден детал или пак да бидат дел од украсувањето, тие се must have. Ако сте обожавателка на нешто сосема поразлично, малку театрално, тогаш овие модни додатоци се вистинскиот избор за вас.

3.Заменете ги фустаните со нешто уникатно

Ако сте од оние кои се двоумат како би танцувале во долгиот фустан или како би се движеле во текот на целиот ден, тогаш зошто да не го замените фустанот со нешто сосема поинакво како костим? Носете го во текот на целиот ден или пак облечете го после приемот и чувствувајте се слободно во текот на целата вечер!

Извор и фото: Harper's Bazaar

Објавено:
2 мај 2018
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.789 пати