Жизел Бундшен стана пејачка
•
4 септември 2013
Сведоци сме дека пејачите се почесто стануваат дизајнери, но ретко слушаме манекенка да запливала во музичките води. Значи, топ моделот Жизел Бундшен, сепак инволвирана преку модата, се проба и како пејачка.
Таа, во најновата кампања за брендот H&M го позајмува својот глас за песната што ќе оди во позадина од видео ракламата. Жизел освен што пее, ќе ги промовира и моделите од колекцијата есен-зима додека песната и рекламата ќе бидат објавени на 12-ти септември. Песната го носи насловот „All day and all of Nignt“, а со секое нејзино данлодирање собраните пари ќе бидат донирани за UNICEF. Во продолжение погледнете го видеото и слушнете како пее Жизел.