За некои жени стареењето е процес кој им предизвикува големи „главоболки“, но има и такви на кои стареењето им е мотив плус што им помага да изгледаат поубаво и попривлечно во текот на годините. Кога временските траги ќе направат да заблескате, немате друга опција освен да им се препуштите на новите предизвици кои ви ги носат годините.
Хали Бери во својата 46 година има совршена линија и сјаен изглед кои го одржува вежбајќи четири пати во текот на една недела. Нејзините тренинзи траат половина до еден час во зависност од вежбите. Имено таа го следи програмот на вежби кои ги активираат мускулите во целото тело. Бери е дијабетичар, па мора да јаде пет пати во текот на денот, за да нивото на шеќер во крвта да остане стабилно. Генерално се храни со здрави и свежи производи, трудејќи се најголемиот процент од исхраната да содржи зеленчук и протеини.
Супермоделот, Синди Крафорд, која е исто така е во 46-тата година од животот, неодамна на својот Твитер профил објави дека одлучила да нанесува што помалку шминка, бидејќи вишокот шминка ја старее кожата и создава брчки. Освен тоа , таа покрена линија на производи против стареење на кожата, а не ја запоставува и физичката активност и се труди секој ден да издвојува по еден час време за трчање. Исто така како дел од нејзиниот програм за вежбање се и дигање тегови, пилатес и долги прошетки за време на викенд.
Актерката Кетрин Кинер, свежината на своето лице во својата 53-та година од животот ја одржува со само еден трик: хидратација. Испуканата кожа е првиот знак кој го активира алармот на нејзино стареење. Превентивно Кинер користи хидратантни креми, особено доколку се наоѓа на места каде воздухот е сув.
Дајан Китон е дефинитивно олицетворение и пример за жена која старее на грациозен начин. Со полни 66 години буквално сјае, постојано е насмеана и со себе го носи истиот смисол за хумор како и на почетокот на својата кариера. Таа е доказ дека жена и во нејзини години може да остари на убав и природен начин, без пластични операции.
Сјајна, здрава, долга коса и младолик изглед се атрибути кои ја красат Деми Мур во својата 49-та година од животот. Актерката изгледа исто како и пред неколку децении, а тоа го постигнува со помош на здрав начин на живот. Таа ја практикува „Веган“ диетата, не јаде варена храна, туку конзумира големи количества на овошје и зеленчук и пие големи количества на природни сокови.
Ким Катрал одбива да му се препушти на остриот нож и пластичните операции бидејќи не сака да изгледа дваесет години помладо. Признава дека со 56 години е малку потешко да се одржува витката линија, но благодарение на секојдневното вежбање и тоа што пие големи количества вода и понатаму успева да изгледа како „секси Саманта“, ликот од филмот „Сексот и градот“, благодарение на кој достигна светска слава и популарност.
Оваа актерка веќе 40 години владее со филмската холивудска сцена и важи за една од најталентираните актерки на сите времиња, како и за една од најубавите. Мерил Стрип со своите 63 години, оди на пливање три до четири пати неделно, не го сака сонцето и цврсто и се спротивставува на пластичната хирургија. Можеби нејзино најдобро оружје е нејзиниот личен став: „Едноставно морате да го прифатите фактот дека стареете“, вели Стрип.
Мишел Фајфер, убавата витка линија во 54 година од животот ја одржува вежбајќи секојдневно со трчање. Исто така држи диета која ги исклучува пченицата, млекото и шеќерот во исхраната. Во јавноста се појавува со мало количество шминка, бидејќи не сака многу да го пудри лицето, за да не и се познаваат брчките.
Оваа актерка за само две години ќе наполни 50 години, меѓутоа тоа никој не би го претпоставил кога ќе ја види, бидејќи Сандра Булок едноставно е прекрасна. Таа редовно користи крема против стареење, за да го одржи своето лице младо и свежо, а линијата ја одржува вежбајќи шест дена во неделата со својот приватен тренер. Во тие шест дена актерката вежба по еден час и применува комбинација на танц, вежби за тело, јога и пилатес.
Ви откривме кои се малите тајни на големите мајстори. Уживајте во годините, затоа што секоја доба во животот е убава на свој начин.