Undressing Cinema е интересна „адреса" на Инстаграм, каде се архивирани фотографии од најголемите ѕвезди од златната доба на Холивуд и е посветен на филмската мода.
На овој профил ќе сретнете ретро фотографии од култни моменти со легендарни холивудски ѕвезди како што се Одри Хепберн, Брижит Бардо, Елизабет Тејлор, Џејн Биркин, Грејс Кели...
Но, покрај нив ќе наидете и на ѕвезди од поновата филмска историја, со акцент на некои впечатливи филмски сцени или исто толку впечатливи нивни појавувања на црвениот килим.
За сите вљубеници во стариот холивудски гламур, ова е вистинско место каде ќе најдат интересни информации и ретки фотографии од филмски сетови од 40-те, 50-те, 60-те, 70-те...
Извор: Инстаграм