Бершка го лансираше септемврискиот лукбук
•
6 септември 2013
Модниот бренд за млади Бершка го лансираше својот септемвриски лукбук. Кратки блузи, шапки, рамни обувки во машки стил, кратки панталони, чорапи, хеланки, молив здолништа обоени во бордо црвена, црна, сива, бела и маслинесто зелена, моделите се без грам шминка, освен црвениот кармин кој треба да биде доволен индикатор дека ќе имаме прилично бунтовна мода оваа есен, барем што се однесува за овој моден бренд.