Веројатно досега сте слушнале за големиот Dapper Dan чија фантастична работа е опишана и во песните на Џеј Зи, а сега познатиот кутуриер се здружи со Гучи и создадоа нова, фантастична колекција.
За истата долго време се зборуваше, а музичкиот свет со нетрпение ја очекуваше. Сосема нормално, парчињата на Алесандро Мишел и фантастичниот дизајнер се нешто што деновиве можеме да го видиме на социјалните мрежи на сите познати хип – хоп музичари.
Нивните парчиња први ги промовираа Пи Диди, ДЏ Калед, Бијонсе, Селма Хаек, Френч Монтана и многу други познати имиња.
Во истата Мишел и Dapper Dan сместија некои од најпопуларните парчиња кои кутуриерот ги имаше создадено за големите рап имиња од 80 – тите и 90 – тите, а денеска се подеднакво шик.
Дел од колекцијата се шик тренерки, бомбер јакни, фармерки, долги јакни, марами, маички и многу модни додатоци со познатото лого на брендот.
За презентација на колекцијата направена е и фотосесија со модели и жители на неговиот Харлем, а досега се распродадени поголемиот дел од парчињата.
Инфо и фото: Vogue.com