Must have: Жолти папучи за сончево лето!

6 август 2018

Се чини дека месецов имаме вистинско лето, па конечно е време да ги одбереме најубавите папучи и да уживаме во нивната удобност.

Денеска ви презентираме едни неверојатно лежерни папучи од Манго во жолта боја, кои иако се на платформа, ќе ви овозможат удобност во текот на целиот ден.

Изработени се од велур, додека нивната платформа е извезена со шармантен коноп и потемен кафен дел.

Носете ги со фармерки со висок струк и едноставна маичка или пак со некое лежерно летно фустанче.

Објавено:
6 август 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
267 пати