Новата колекција на H&M ни овозможува топло стилско уживање во домот

5 ноември 2014

Новата lounge колекција на шведскиот бренд H & M дефинитивно ќе ве освои од прва! Станува збор за оние колекции кои што ќе ви го разгалат срцето во студените зимски денови и ќе ви ја овозможат сета удобност што ви е потребна во домот.

Есенцијалните парчиња од новата колекција на брендот се удобната долна облека, шармантните пижами, колоритните хеланки и меки блузички, но и топлите домашни папучи.

Дел од новата празнична кампања на H & M е прекрасната манекенка Едит Вилкевичуте која на посебен и шармантен начин ги презентира новите парчиња на брендот.

Колоритната палета овој пат варира од секси црна, па сѐ до шармантна розова кај слатките пижами.

Целата фотосесија е направена во навистина одлична, домашна и топла атмосфера во која веруваме дека сите сакаат да уживаат за време на празниците.

Во продолжение, погледнете ги сите парчиња од празничната колекција на H & M и изберете си едно само за вас!

Објавено:
5 ноември 2014
Категорија: 
Колекции