Шарлиз Терон ја знае моќта на црната и белата

10 август 2018

Прекрасната Шарлиз Терон неодамна го прослави 43. роденден. Во топ форма и со совршен изглед, таа вчера се појави на два настана во Лос Анџелес и уште еднаш потврди зошто важи за една од најдобро облечените познати личности.

Имено, таа одбра две сигурни комбинации - црна и бела, но со детали што ги прават интересни и доволни за да покаже дека точно знае што сака.

Првин се појави на SAG-AFTRA Foundation Conversations, одбирајќи бели класични широки панталони, а во комбинација со блуза во истата нијанса. Сепак, едната половина на блузата е со интересен притн, каде доминира портокаловата боја, а исто така, блузата се врзува странично во панделка. Кога се обувките во прашање, Терон се одлучи за сандали во беж нијанса.

Ништо помалку впечатлива не беше ниту на вечерниот настан, гала вечер во организација на Hollywood Foreign Press Association, каде беше една од говорниците, заедно со Џенифер Гарнер.

Се појави во црн, елегантен фустан, со длабоко V-деколте, асиметрично плисирано здолниште и голема сатенска панделка во среднишниот дел, креација на модната куќа „Живанши“. Во комбинација со црни сандали со асиметрични ремчиња, актерката уште еднаш ја покажа моќта на минимализмот. 

Објавено:
10 август 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
782 пати
Извор: 
DailyMail