Понеделник во црвен фустан
•
20 август 2018
Новата работна недела ја стартуваме со црвен фустан со карнери. Ракавите се до лакт и завршуваат со карнери, а украсен е и централниот преден дел на фустанот.
Има женствена линија и соодветен е за повеќе пригоди. Доколку имате обврски во текот на целиот ден, а вечерта ве очекува некоја прослава, тогаш вакво парче е идеално.
Го комбинираме со црни обувки, очила за сонце и дискретни обетки.
Чантата е исто така црвено, но со принт.
Ви посакуваме успешна и среќна работна недела.