Крајот на работната недела го резервираме за стајлинг идеален доколку планирате излегување. Нашиот предлог е женствен фустан на преклоп со апстрактен принт во зелени нијанси.

Половината е истакната, а здолништето завршува асиметрично.

Фустанот доаѓа во комбинација со клач чанта во темнозелена нијанса, како и чевли на висока потпетица во истата нијанса.

Наш предлог за кармин е темновиолетов, но вие можете да одберете и некој ваш омилен.

Имајте забавен петок!

Објавено:
24 август 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
528 пати