Кога ќе се спојат класиката и модерниот луксуз во домот на Ени Ленокс...
•
31 август 2018
Славната пејачка од познатата група Eurythmics, Ени Ленокс неодамна вложи 4,3 милиони долари за реновирање на нејзината куќа во Холивуд, која инаку е изградена во 1962 година.
Новиот стил кој доминира во ентериерот е спој на класиката со модерниот луксуз, што резултира со пријатен и простран амбиент ослободен од непотребни детали.
Прозорите се простираат од подот до плафонот, што обезбедува големо количество на природна светлина.
Во дневната соба акцентот е ставен на белиот камин, а директно се излегува на терасата со прекрасен панормаски поглед.
Кујната пак, е уредена во европски стил, во комбинација на дрво и мермер.