Веројатно досега сте го посетиле блогот We the people style кој важи за едно од омилените интернет места на девојките ширум светот.

Сопственичката, Џеси Буш, е една од најшармантните дами во модната индустрија со комбинации на кои секој може да им позавиди.

Сосема очекувано, и оваа есен таа прави комбинации во кои вметнува некои од најпопуларните парчиња, а истите ги стилизира на неодолив начин.

Во однос на парчињата што ги одбира секој ден, таа преферира топло плетиво и тренди фармерки во комбинација со шик модни додатоци.

Таа е вљубена во колор блок комбинациите, па многу често можеме да ја видиме во парчиња во јаки бои и впечатливи палта во кои е вљубена.

Кожените здолништа и фустаните на преклоп се важен дел од нејзиниот плакар, а истите најчесто ги одбира во посебни прилики. Во галеријата погледнете дел од нејзините најстилски комбинации кои се супер инспирација за оваа есен.

Инфо и фото: Modamo.info

Објавено:
31 октомври 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.166 пати