Понеделник во деловна црно-бела комбинација
•
12 ноември 2018
Новата работна недела ја започнуваме со комбинација која веруваме ќе се вклопи и во вашиот деловен стил, но и во секојдневието.
Нашиот денешен избор се тесни црни фармерки кои ги комбинираме со нежна кошула на точки. Во делот на околувратникот се врзува во панделка, што ја прави уште поженствена.
На тоа додаваме црно долго палто со ревери и црни чизми до глужд.
Комбинацијата ја заокружуваме со чанта во колор-блок комбинација.
Ви посакуваме успешна работна недела!