Што мажите не сакаат да видат кај една жена?

12 септември 2013

Кај некои од нив одлучувачки е физичкиот изглед, а некои успеваат да преминат преку него, благодарение на други квалитети кои девојката ги поседува. Но сепак, некои работи се универзални за сите, а во oваа категорија спаѓаат и работи кои мажите ги мразат кај една жена.

Пренагласени smokey eyes

Темната сенка е одличен избор доколку сакате да постигнете мистичен изглед. Но сепак, не претерувајте бидејќи е познато дека мажите сакаат поприроден изглед кај девојките, па најдобро би било да внимавате за да не предизвикате спротивен ефект.

Неправилно нанесена пудра

Мажите се визулени суштества, па колку и да не се разбираат во мејкапот, сепак не се слепи за да не ја забележат драстичната разлика помеѓу вашиот тен и темната пудра. Токму затоа, најдобро би било да одберете нијанса на пудра со која ќе изгледате поприродно.

Претерано бели заби

Сите сакаме бели, здрави и негувани заби, но претерувањето во полирањето на забите одава премногу вештачки изглед.

Леплив сјај за усни

Мажите ги обожаваат женските усни, но сепак никој не сака девојка која на себе има ставено дебел слој сјај за усни. Покрај тоа што предизвикува чудно чувство за време на бакнувањето, ниту еден маж не е среќен кога знае дека потоа треба да ја брише устата поради остатоците од сјајот.

Премногу парфем

Легендарната Коко Шанел има кажано дека секоја заводничка треба да има парфем на себе, но тоа не значи дека треба да имате ставено „литар” парфем. Мажите сакаат девојки кои водат сметка околку изгледот, но тоа не значи дека ќе остане до вас по цена да се „угуши” од вашиот мирис.

Предолги нокти

И мажите и жените сакаат партнери со средени нокти, само што мажите не сакаат девојки кои имаат предлоги нокти со кои изгледаат премногу вештачки, а да не напоменуваме колку ги нервира удирањето со ноктите по масата.

Тен од солариум

Едноставно кажано, мажите сакаат природен и негуван изглед. Според нив, многу подобро би било девоката да биде со блед, природен, отколку со темен, вештачки тен, добиен по пат на солариум.

Објавено:
12 септември 2013
Категорија: 
Направи сам