Петнаесет бјути грешки кои не треба да ги правите

12 август 2013

Сите млади девојки и жени, сакаат да остваат впечаток на убаво средени и негувани дами. Ако е така послушајте ги советите на експертите и не дозволувајте си да направите грешки додека се шминкате, фризирате или го негувате телото.

Црвена коса, црни веѓи

Ако сакате да имате црвена боја на коса, која е мошне специфична за одржување, тогаш морате да ги бојадисувате и вашите веѓи во истата нијанса. Доколку не го направите ова, си додавате речиси 10 години повеќе на вашата вистинска возраст, а си лепите и етикета на неуредна девојка.

screen-shot-2012-01-28-at-1-44-39-am

Темно лице, бело тело

Ако сакате да нанесувате потемна пудра на вашето лице, тогаш немојте да го прескокнете вратот и деколтето. Воопшто не е убаво кога лицето е темно, а вратот бел.

Три нијанси на посветол коректор

Доколку нанесувате посветол коректор на вашето лице, не само што нема да ги сокриете вашите подочници и темни кругови, напротив дури и ќе ги истакнете. Ќе изгледате неприродно и непривлечно. Коректорот треба да биде во боја на вашиот тен или за една нијанса потемен.

Предолги нокти

Многу големите нокти се одлика на лош стил, дури и да се негувани, изгледаат невкусно. И згора на тоа, ако ги налакирате со интензивна боја на лак ќе делуваат евтино. Исто така, недопустливо е да ги гризете вашите нокти.

 

 

 Големи силиконски усни

Девојките се повеќе и повеќе ставаат силикони на нивните усни. Поради тоа сите изгледаат исто, а императив на добриот стил е индивидуалноста. Со неумерено „напумпани“ усни ќе личите на карикатура.

 

 

 Претенки веѓи

Претенките веѓи прават да изгледате старо и извештачено. Не смеете да си дозволите да личите на некоја актерка излезена од јапонски театар.

Бланширана коса

Неприродно бела и бланширано „спржена“ коса е дирекна асоцијација на порно индустријата. Притоа колку што е подолга косата, впечатокот е пострашен. Синоним за добар стил е здрава и негувана коса.

Премногу сончање во солариум

Од неумерната употреба на солариумот, тенот го губи сјајот и свежината, па добива маслинесто-сива нијанса.

 

 

Подникнат корен на косата

Ако сте решиле да ја промените бојата на косата тогаш морате редовно да ја бојадисувате. Впечатливиот подникнат корен изгледа неуредно, а жена која си го допушта тоа изгледа запуштено.

 

Премногу маскара

Со претерано количество на маскара дефинитивно ќе личите на бубашваба. Доволни се два до три слоја. Очите ќе ви бидат убаво истакнати. Исто така, на тој начин избегнувате да ви се појават грутки на трепките.

 

 

Изеден кармин

Ако користите интензивна боја на кармин, редовно поправајте го. Изедениот кармин и темните краеви од неговиот остаток на вашите усни не делува воопшто дамски.

Мирис на тело

Не смеете да си дозволите на јавно место да мирисате на пот, здивот да ви мириса на цигари или косата и облеката да ви мирисаат на ручекот од кујната.

Мустаќи

Недепилираните усни се кошмар за секоја жена. Ако на нив ставите и пудра готови сте, си обезбедивте место помеѓу мажите. Бидете внимателни.

Акцент на очи и на усни

Истовремено никогаш не ги акцентирајте очите и усните, бидејќи не е убаво. Дајте им простор на деловите на лицето да блеснат, еден по еден, а не сите заедно. Ретки се жените кои умеат и знаат како да носат тешка шминка.

 

Објавено:
12 август 2013
Категорија: 
Убавина