Џеси Џеј среде концерт откри дека не може да има деца

16 ноември 2018

Популарната британска пејачка Џеси Џеј која во моментов е актуелна со врската со актерот Ченинг Татум, деновиве повторно се најде во центарот на вниманието со емотивната изјава која ја даде среде концерт во Лондон.

Фото: Billboard

„Пред четири години, докторите ми соопштија дека никогаш нема да можам да имам деца. И, тоа е во ред, ќе имам деца, верувајте ми. Кога докторот ми кажа си реков нема шанси“, изјави пејачката, посочувајќи дека нејзината песна „Four Letter Word“ е посветена на сите оние кои ја знаат истата вистина.

Таа додаде дека ова не го кажува бидејќи сака сите да соочувствуваат со неа, туку го кажува за да знаат сите оние кои се соочуваат со истото дека не се сами.

Фото: CelebJar

„Јас сум само една во милионите мажи и жени кои минуваат низ истото и ова не може да стане нешто што ќе нè дефинира. Сакав да ја напишам оваа песна за мене, во момент на болка и тага, но исто така да си дадам радост и да им оставам нешто на другите луѓе за да можат да ја слушаат во оние моменти кога ќе се соочат со нешто слично“, изјави пејачката на концертот.

Таа ги потсети сите оние кои се соочиле со иста ситуација дека не се сами и дека не треба да се плашат да зборат за тоа, бидејќи на тој начин ќе ги охрабрат сите останати.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Luke (@luk3ja) onNov 13, 2018 at 3:34pm PST

„Ако било когаш сте искусиле вакво нешто или знаете за некој кој поминал низ истото, кажете им дека не се сами во оваа болка и дека мислам на сите нив кога ја пеам оваа песна“, додаде таа.

Фото: Celebmafia

Инаку, нејзиното ново момче Ченинг Татум, со кого врската сè уште не е официјално потврдена, на неговиот Инстаграм профил објави фотографија од пејачката на концертот под која напиша:

Фото: Mirror

„Оваа жена вечерва го отвори срцето на сцената во Ројал Алберт. Кој беше дел од концертот, беше сведок на нешто навистина специјално“.

Објавено:
16 ноември 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
593 пати