Чуда се случуваат, а тоа ќе го потврди и пејачката Џеси Џеј на која што пред пет години и било кажано дека нема да може да има деца.
Британската поп ѕвезда роди здраво машко бебе пред една недела и ги "истури" сите свои прекрасни емоции на социјалните мрежи.
Иако Џеј постојано споделуваше објави за бременоста, никогаш не кажа кој е таткото на бебето.
Кратко по породувањето се случи и тоа, Џеси му покажа на светот кој е љубовта на нејзиниот живот, а сподели и фотографија од бебето.
Станува збор за професионалниот кошаркар Чанан Сафир, кој има данско-израелско потекло.
Џеси на Инстаграм, меѓу другото кажа дека тој и бил огромна поддршка откако го изгубила бебето пред две години.
Пејачката, 35 и кошаркарот, 39, изгледаат навистина среќно. Честитки за новите родители!
View this post on Instagram