Пејачката Џеси Џеј на социјалните мрежи сподели тажни вести, кои изненадија многумина.
Нејзината објава ви ја пренесуваме во продолжение:
View this post on Instagram
„Вчера наутро се смеев со пријател, велејќи му: “Сериозно, како ќе настапам утре вечер во Лос Анџелес, без да ѝ кажам на целата публика дека сум бремена“.
До вчера напладне стравував оод помислата да ја оддржам свирката без да се скршам...
Откако отидов на третиот скен и ми кажаа дека повеќе нема срцево биење...
Утринава.
Се чувствувам како да немам контрола врз моите емоции. Можеби ќе зажалам што го објавувам ова. Можеби нема. Всушност, не знам.
Она што знам е дека сакам вечерва да пеам. Не затоа што ја одбегнувам тагата, туку затоа што знам дека пеењето вечерва ќе ми помогне.
Во две години имав само два настапи и на мојата душа ѝ треба да пее. Уште повеќе денес. Знам дека некои луѓе ќе помислат дека едноставно би требала да го откажам настапот. НО, во овој момент, јас имам јасна претстава за една работа. Почнав да пеам кога бев млада, за уживање, за да ја исполнам мојата душа и како терапија за себељубов, а тоа не се смени никогаш и јас морам да го процесирам ова на мој начин.
Сакам да бидам искрена и да не кријам што чувствувам. Го заслужувам тоа. Сакам да бидам своја колку што можам да бидам во овој момент. Не само ради публиката, туку и за себе и за моето бебе, дека направив најдобро.
Се знам себеси и знам дека би зборувала за тоа на сцената, затоа што тоа сум јас. Затоа, наместо да имам срцепарателен емотивен говор трудејќи се да ја објаснам мојата енергија, ова го чувствувам како побезбедно.
Одлучив да имам бебе сама. Тоа е се' што отсекогаш сакав, а животот е краток. Бременоста беше чудо само по себе и искуство што нема никогаш да го заборавам и знам дека ќе го доживеам повторно.
Се' уште сум во шок, тагата ме обзема.
Но, знам дека сум силна и дека ќе бидам ок.
Исто така знам дека милиони жени низ светот ја чувствуваат оваа болка, дури и полошо. Сочувствувам со сите вас што ве знам и што не ве знам.
Тоа е најосаменото чувство во светот.
Затоа, ќе се видиме вечерва во Лос Анџелес.
Можеби ќе има помалку шеги, но моето срце ќе биде во собата“