Џеси Џеј на насловната на Гламур

5 јули 2013

Една од најпопуларните англиски пејачки, Џеси Џеј се фотографираше за насловната на магазинот Гламур. Иако, Џеси деновиве е ангажирана на снимањето на новиот албум, таа издвои време за интервју и фотосесија. Пејачката неодамна ја избричи косата на главата поради хуманитарни цели, а и покрај тоа што нема коса таа изгледа одлично.

jessie-j-glamour

-Немам момче зашто моментално сум во врска со мојата работа. Се трудам да бидам добра пријателка, ќерка,сестра и тетка. Знам дека имам прекрасни пријатели бидејќи ме разбираат кога нема да се видам со нив и по три месеци. Дури и кога би сретнала некого, тој треба да ме сака онака како што заслужувам. Ако тоа не се случи, си имам куче, моја музика и свои чевли, самоуверено изјави за Гламур Џеси Џеј.

jessie-j-2

Таа додава дека нема намера наскоро да ја пушти косата да расте, зашто сака да докаже дека си стои зад кажаното.

-Ако сум кажала дека ќе ја избричам главата во хуманитарни цели, тогаш така и ќе биде. А големата разлика да имаш и да немаш коса, е процес кој многу брзо се одвива, вели Џеси.

Објавено:
5 јули 2013
Категорија: 
Сцена