Артистична и луцидна, фантастична и од аспект на музичкиот талент, но и кога нејзиниот имиџ е во прашање, младата Џеси Џеј дефинитивно донесе нова харизма во музичката индустрија.

Невообичаениот спој на бои, екстремно високи потпетици, футуристичката шминка и атрактивните сценски костими, придонесоа Џеси сама по себе да стане бренд.

 

 

Дури и кога експериметира и ризикува со комплетниот нејзин визуелен израз, добива поддршка не само од фановите и публиката туку и од модната критика.

Нејзината креативност оди до таму што таа самата дава насоки за нејзиниот сценски имиџ останувајќи блиска до самата себе.

 

 

Полна со самодоверба, неодамна ја избрича главата поради хуманитарни цели и тоа веќе стана урбан моден хит.

Поради честите  трансформации кои ги прави во изгледот, британската модна икона  никогаш не е досадна за медиумите кои ја следат во континуитет.

 

 

 

Објавено:
19 јуни 2013
Категорија: 
Модна икона