Џеси Џеј во нова романса

20 април 2022

Поп ѕвездата Џеси Џеј е во нова романса.

Магазинот Daily Mail објави фотографии направени овој понеделник во Лос Анџелес, на кои Џеси е во прегратка на кошаркарот Чанан Сафир Колман.

Со овие фотографии се потврдуваат шпекулациите дека се во врска, откако минатиот месец двајцата биле забележани заедно на Карибите.

Извор за магазинот The Sun потврдил дека двајцата си се допаѓаат и добро се согласуваат.

„Таа се чувствува благословено бидејќи го има Чанан во нејзиниот живот. Навистина добро им оди", Daily Mail ја пренесува изјавата.

Минатиот период за Џеси Џеј беше полн со предизвици. Покрај тоа што имаше здравствени проблеми, особено трагичен момент во нејзиниот живот што ѝ предизвика голема болка беше спонтаниот абортус. За загубата на нејзиното бебе напиша и искрен, емотивен статус на Инстаграм, каде посочи дека и покрај сè е силна и дека ќе биде ок.

Извор: Daily Mail

Објавено:
20 април 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
221 пати
Тагови: 
Џеси Џеј