Курт Расел и Голди Хоун растеретени од перфекција уживаат на одмор во Грција

16 јуни 2022

Важат за една од најсреќните холивудски двојки, кои и покрај тоа што се долги години заедно никогаш не ја официјализирале нивната врска – Курт Расел и Голди Хоун деновиве уживаат на одмор во Грција.

Според фотографиите што ги објави Daily Mail, очигледно токму тоа што се растеретени од притисокот за перфекција (и двајцата се во осмата деценија од животот), влијае добро и на духот и на нивната релација, па делуваат навистина среќно, опуштено и задоволно.

За прв пат се запознале во 1966 година, период кога снимиле неколку филмови заедно, вклучително и „The One and Only", „Genuine" и „Original Family Band". Но, нивната романса ја започнуваат речиси две децении подоцна, поточно во 1983 година откако повторно ќе се спојат за снимањето на „Swing Shift" и
„Overboard".

Во 2018 година повторно се обединуваат на филмското платно, овојпат како Дедо Мраз и Баба Мразица во „The Christmas Chronicles" во продукција на Netflix и неговото продолжение во 2020 „The Christmas Chronicles 2".

Во една прилика, запрашата која е тајната на среќната романса, Голди Хоун ќе одговори: Посебни купатила!

Фото: Daily mail/Splash news

 

Објавено:
16 јуни 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
9.102 пати