Голди Хоун и Курт Расел - љубов која трае 40 години

11 јануари 2024

Никогаш не стапија во брак и важат за еден од најдолговечните и најзаљубени парови.

Холивудските легенди Голди Хоун и Курт Расел се во врска четири децении и многумина се прашуваат дали токму тоа што не се венчаа ги задржа заедно сиве овие години.

Во една прилика Голди ќе рече:

"Ако сте независни, ако имате доволно пари и го сакате тоа чувство на независност, тогаш тоа што не сте во брак ви дава слобода да одлучувате во која насока ќе се движите."

И токму тој избор тие го направија уште во 1983 кога официјално ја започнаа својата врска.

Курт, 72 и Голди, 78 прв пат се запознаа во 1966 за време на снимањето на дизниевиот мјузикл The One and Only, Genuine, Original Family Band.

Иако уште тогаш актерот бил фасциниран од Голди, сепак и двајцата рекле дека нема никогаш да бидат во врска со колега/колешка.

Седумнаесет години подоцна се случило токму тоа, љубовта била посилна од ветувањето. Кога започнале да излегуваат како пар и двајцата биле разведени од претходните партнери и имале деца.

Голди во една прилика кажа дека првиот состанок им бил прилично возбудлив, па дури и полицијата морала да интервенира.

Три години подоцна во 1986 им се раѓа синот Вајат Расел, а следната година нивната голема љубов ја пренесуваат и на големото платно во филмот Overboard.

Голди има две деца од претходниот брак, актерката Кејт и синот Оливер, додека Курт има син Бостон. Кејт за Курт ќе каже дека го смета за татко, а тој и Голди заеднички се грижат за сите нивни деца и внуци.

"Долгата и среќна врска не ја дефинира бракот. Клучот за успехот се комуникацијата, компатибилноста и желбата (од двете страни) таа врска да успее. Исто како два столба што држат куќа и кров, двата се различни, не се согласуваат во сè, но научиле како одлично да функционираат заедно и покрај различностите", ќе каже Голди во една прилика.

Во 2017 Голди и Курт добија ѕведи на Холивудската патека на славните во Лос Анџелес и тоа го направија во нивен стил, сочно бакнувајќи се пред камерите.

Следната година, по точно три децении откако го снимија нивниот заеднички филм Overboard, двојката повторно се појави на екраните како господин и госпоѓа Clause во The Christmas Chronicles.

Секоја чест!

Објавено:
11 јануари 2024
Категорија: 
Сцена