Голди Хоун - дамата на која времето не ѝ може ништо

22 ноември 2023

Таа е една од дамите која што храбро и насмеано ги прегрнува своите години и чекори напред како времето да не ѝ може ништо. 

Голди Хоун иако вчера наполни 78, сè уште ја имаа онаа енергија како пред неколку децении.

Оскаровката е токму поради тоа една од омилените актерки, а заедно со долгогодишниот партнер, актерот Курт Расел, важат за еден од најдолговечните парови во Холивуд.

Уште од почетокот на нејзината кариера Голди ја забавува публиката со своите улоги на комична и интелигентна девојка која со својот шарм успева да излезе на крај од секоја ситуација.

Покрај Курт, ќерката на Голди Кејт, е нејзина огромна поддршка, а по повод вчерашниот роденден таа на Инстаграм постираше видео на кое се прикажани убави фамилијарни моменти.

Легендарната актерка и на 78 изгледа одлично во костим за капење.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kate Hudson (katehudson)

Курт и Голди се заедно од 1984 година, а пред тоа таа беше два пати во брак – со актерот Гас Триконис (1969-1976) и со музичарот Бил Хадсон (1976-1982) со кој што ги доби актерката Кејт Хадсон и синот Оливер Хадсон.

Голди и Курт имаат еден син Вајат, исто така актер.

Фото: Pinterest, Instagram

Објавено:
22 ноември 2023
Категорија: 
Сцена