Долче и Габана предизвикаа голем расистички скандал во Кина

22 ноември 2018

Се почесто со дизајнерите од познатото дуо Долче и Габана се поврзуваат скандали од глобални размери. Нивните испади станаа толку чести што предизвикаа цело движење „Ги бојкотираме Долче и Габана". Од вчера дизајнерите повторно се во средиштето на сериозен скандал.

Имено тие ја откажаа ревијата која требаше да ја одржат во Кина, откако следуваа остри реакции не само од кинеската туку и од светската јавност, по објавеното видео на Инстаграм со кое тие ја најавуваа ревијата.

Видеото предизвика револт поради неговата расистичка и сексистичка содржина. На истото е прикажана млада Азијатка која со традиционалните кинески стапчиња се обидува да јаде италијанска храна. Целото видео е проследено со саркастични и сексистички коментари од нараторот.

Не требаше многу време за видеото вирално да се прошири и да ја крене на нозе онлајн заедницата која ги обвини Долче и Габана за расизам посочувајќи дека со ова видео тие повторно ги сместуваат Азијатките во стереотипно окружување и дека ова е псолутно неприфатлив и неоправдан потег на модниот бренд.

Во меѓувреме на Инстаграм профилот „Diet Prada" познат по разоткривањето на копии и екцеси во модниот свет, објави „принтскрин" од контроверзен разговор со Стефано Габана во кој тој вели дека не гледа ништо погрешно во рекламата, а сето тоа е пропратено и со низа расистички коментари.

 

A post shared by Diet Prada ™ (@diet_prada) onNov 20, 2018 at 7:05pm PST

Но, на оваа објава веднаш реагираше дизајнерот кој упати апел дека неговиот профил на Инстаграм е хакиран и дека неговата правна служба работи на решавање на случајот. На ова тој додаде дека ја сака Кина и кинескиот народ.

По овој скандал, голем број јавни личности повикаа на бојкот на брендот, а многу веројатно е дека ќе изгубат и голем дел од нивните обожаватели и клиенти во Кина. Како ќе ја развива својата маркетинг стратегија брендот во иднина по низата скандали останува да следиме.

Фото извор: Инстаграм

Објавено:
22 ноември 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
438 пати