Меланија Трамп ја покажа празничната декорација во Белата куќа

27 ноември 2018

Во Белата куќа веќе владее празнично расположение. Првата дама на САД преку социјалните мрежи, со фотографии и видео соопшти дека темата на годинашното украсување е „Американското наследство“.

Оваа година доминира црвената боја меѓу украсите. 

„Ова е радосен период од годината кога ја декорираме Белата куќа за божиќната сезона. Нашата тема им оддава чест на срцето и духот на американскиот народ. Им благодарам на многуте волонтери и персоналот кој работеше напорно. Во име на моето семејство, им посакувам на сите Среќен Божиќ и Среќна Нова година" – порачува Меланија во соопштението за јавност.

 

Инаку, како што се гледа низ фотографиите и видеото, таа носи капут од брендот „Стела Мекартни“, во комбинација со црвени кожени ракавици и црни чизми.

И додека едни велат дека изгледа елегантно и совршено, други сметаат дека црната боја, појавувањето во капут и ракавици во затворен простор воопшто не е соодветно.

Изгледа дека ништо што ќе направи првата дама не може да помине на целосно одобрување кај јавноста.

На светските медиуми им беше овозможена 30-минутна посета на Белата куќа и фотографирање на декорацијата која вклучува преку 6.000 метри сијалички, 12.000 машни, преку 14.000 украси поставени од 225 волонтери, а ние ви пренесуваме дел од нив:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Објавено:
27 ноември 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.212 пати