Браво за нашите момци – Македонија се пласираше на Европско првенство во одбојка!

10 јануари 2019

Македонските одбојкари вчера напишаа историја – нашата репрезентација за прв пат се пласираше на Европското првенство!

„Македонија на Европско! Радувај се Македонијо, ова е најсреќниот ден за нас! Срце планина!", со нескриени емоции ги споделија своите импресии на нивниот Инстаграм профил, браќата Никола и Ѓорги Ѓоргиеви кои заедно се дел од Македонската одбојкарска репрезентација.

А емоциите беа видливи и на теренот, откако нашите одбојкари ја совладаа репрезентацијата на Унгарија со 3-0 во сетови, со што на нашата земја и донесоа историска победа.

Европското првенство ќе се игра од 12-29 септември оваа година во 4 земји – Белгија, Франција, Холандија и Словенија.

Учесници на ЕП 2019 се: Франција, Белгија, Холандија, Словенија (ко-домаќини), Македонија, Австрија, Белорусија, Бугарија, Чешка, Естонија, Финска, Германија, Грција, Италија, Црна Гора, Полска, Португалија, Романија, Русија, Србија, Словачка, Шпанија, Турција и Украина.

Браво за нашите момци! Допрва ги чека голем предизвик, а наша обврска е неизмерната поддршка.

Фото: Инстаграм @gjorgievbrothers

 

Објавено:
10 јануари 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
433 пати