Гламурот на „стариот Холивуд“ на црвениот килим на „SAG“ наградите

28 јануари 2019

Лејди Гага имаше уште едно неверојатно блескаво издание на црвениот килим во низата нејзини фантастични јавни појавувања периодов, овој пат на 25-те по ред Screen Actors Guild Awards (SAG), што вчеравечер се одржаа во Лос Анџелес.

Иако важи за еден од фаворитите во категоријата за најдобра актерка во главна женска улога за „A Star Is Born", сепак оваа награда и припадна на Глен Клос за нејзината извонредна ролја во „The Wife", па според досегашните случувања, може да заклучиме дека ќе биде навистина возбудливо на доделувањето на најпретижните „Оскари".

Кога е во прашање пак категоријата за најдобар актер во главна улога, веќе убедливо Рами Малек е се поблиску до „златното момче", земајќи во предвид дека и на вчерашните „SAG" награди го доби признанието за неговото маестрално портретирање на Фреди Меркјури.

На црвениот килим пак, Гага апсолутно ги освои симпатиите во гламурозна креација на Диор што го носеше шармот на „стариот Холивуд", со длабоко изразено V деколте.

Меѓу најдобро облечените беа и нејзините колешки, Маргот Роби во елегантен бел фустан на Шанел, Кетрин Зета Џонс во гламурозна тоалета на Зухар Мурад (и двете со нагласено V деколте), како и Ема Стоун во комбинација на блуза во асиметричен крој и класични макси панталони од Луј Витон.

Каков беше амбиентот на црвениот килим, погледнете во галеријата во продолжение.

Фото: Getty images

 

Објавено:
28 јануари 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.509 пати