Неонски бои за разигран и забавен ентериер

5 март 2019

Доколку сакате да направите храбра промена во уредувањето на ентериерот во вашиот дом, а притоа сте љубител на бои и шарен колорит, пролетната сезона е вистинско време за трансформација.

За ваков „подвиг" не е подготвен секој, па затоа ќе ги исклучиме оние што сакаат смирен тоналитет и топли нијанси.

Овој наш предлог е за оние кои уживаат во ентериер што носи темпераментна енергија преку изборот на неонски бои.

Се разбира, со тоа не мислиме преку шаренилото да постигнеме контраефект на нападен ентериер што ќе ве заморува, туку преку неколку акцентирани детали или моменти од ентериерот, да се добие впечаток на весел и разигран простор.

Доколку се одлучите за ваква промена, може да искористите неколку корисни трикови како на пример – во амбиент на смирени тонови, додадете неколку декоративни елементи во интензивни бои како на пример украсни пернички во различни форми или пак еден дел од ѕидот во дневната обојте го во боја која ќе се издвојува од останатите или неколку парчиња од мебелот нека бидат во интензивни бои.

За дополнителна инспирација, разгледајте ја галеријата во продолжение.

Фото: Пинтерест

Објавено:
5 март 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
373 пати