Најскапата чанта во светот е дело на познатата куќа „Mouawad“

17 септември 2013

Чантата  во облик на срце која го носи името „1001 ноќ“  е обложена со неверојатни 4500 дијаманти во различни бои и 18 каратно злато, а цената е вистинска „ситница“- 3,8 милиони долари. Најскапата чанта во светот е дизајнирана од познатата куќа за изработка на накит „Mouawad“ и засега се уште не ја нашла својата сопственичка. На ова дизајнерско чудо четири месеци работеле десет уметници  а моментално на продажба има само една ваква чанта. Засега не се знае дали на својата венчавка ќе ја носи некоја позната ѕвезда од шоу бизнисот или на подарок за венчавката ќе ја добие вереницата на некој шеик или милионер. Меѓутоа, иако за многу невести е недостижна може да послужи како инспирација за идните невести што сакаат да имаат барем нешто слично.

 

Објавено:
17 септември 2013
Категорија: 
Бела соба