Познатата шпанска куќа знае да ја преточи сензуалноста и женственоста во уникатни парчиња на накит, создавани со голема љубов и внимание. Токму затоа, ќе ви понудиме четири интересни модели низ кои се проткајува интересна приказна.

Капсулна колекција од Мануел Карера

Голем успех познатата златара постигна во 1978 година со создавањето на скулптури во облик на женско тело. Неколку години подоцна, основачот на златарата, Мануел Карера создаде капсулна колекција на мини скулптури од злато и дијаманти, кои се одличен избор за поклон за овој празник.

Винтиџ сет Jardin de Rosas

Фактот дека оваа колекција беше специјално дизајнирана за руските жени, само по себе доби обележје дека се работи за уникатна колекција од ѓердан и обетки посветени за храбрите жени.

Колекција Seth Peacock 

Колекцијата е составена од прстени и обетки кои се во форма на паун, украсени со дијаманти, сафир и турмалин.

Сет колекција De Luces Alamar

Доколку сакате да купите поклон кој ќе биде спомен пренесуван од генерација на генерација, тогаш овој сет е вистинскиот избор за вас. Колекцијата е составена од обетки, ѓердан и прстен во форма на солза со скапоцени камења.

Објавено:
8 март 2014
Категорија: 
Модни додатоци