Омаж на природата и детството во новата линија накит на Делфина Делетре

28 февруари 2014

Наследничката на модната куќа Фенди, главниот надреалист во светот на накитот, Делфин Делетре создаде капсулна колекција за Yoox.com. Името на линијата е „Frozen Garden“ (Замрзната градина), а како инспирација за изработката на оваа колекција на дизајнерката и послужила прошетката низ една градина во зима, чиј амбиент бил главниот виновник за подгревањето на нејзината модна фантазија. Линијата која што ќе ја најдете исклучиво на онлајн продавницата на Yoox.com, вклучува прстен, алка, ѓердан, и обетки, а сите тие се украсени со цвеќиња и инсекти кои  се врамени во стаклото за да изгледаат како замрзнати.

„Оваа збирка претставува омаж на природата и моето детство. Да носите на себе барем едно од приложените парчиња накит е како да го носите минатото на цвеќето кое е замрзнато во времето се додека трае зимата“, открива Делфин Делетре.

Објавено:
28 февруари 2014
Категорија: 
Модни додатоци