Да ја почнеме работната недела супер стилски! Она што денеска ви го препорачуваме е женски костим во сива нијанса со кариран принт во комбинација со неодолива сина.
Панталоните се класични со висок струк и малку ѕвонести во долниот дел, додека палтото неверојатно тренди, а го обожаваме бидејќи можеме да го комбинираме со било што.
Овојпат, костимот решивме да го надополниме со едноставна кошула во небесно сина нијанса, а целиот стајлинг го заокруживме со портокалови чевли на висока потпетица.
Што се однесува до шминката и фризурата, истите се нежни и одлични за преку ден, а косата ја нагласивме со висока пунџа украсена со колоритна марама која е совршена за пролетните денови.
Бидете стилска дама и носете го овој костим на работа, за посебни пригоди, па дури и на некоја забава на која треба да изгледате елегантно.
Комбинација: Fashion Group Macedonia
Стајлинг: Fashionel.mk
Панталони, палто, кошула, чевли: Mango
Марама: Parfois
Модел: Мартина Давидовска
Модна агенција: Моделс Ин
Шминка и фризура: Елена Лука