Совршена колекција за мажи од Масимо Дути

18 септември 2013

Септември е месец што изобилува со мода. Шпанскиот бренд со италијанско име Масимо Дути објави неверојатен лукбук за нивната есенска колекција за мажи.

Брендот понуди неверојатни решенија за тоа што мажите треба да облечат оваа есен. Колекцијата се состои од шик џемпери, панталони, палта, кошули и други модерни парчиња за мажи, претежно во земјени бои.

Целата фотосесија изгледа неверојатно како резултат на внимателно одрбаните парчиња облека и мора да признаеме, неодоливиот модел.

Мажите дефинитивно ќе имаат голем избор кога станува збор за облека оваа есен!

Објавено:
18 септември 2013
Категорија: 
Колекции