Лос Анџелес вчеравечер беше местото каде се собра холивудската елита да ја проследи претпремиерата на долгоочекуваниот, последен дел на Avengers – Endgame.

Според предвидувањата, се очекува филмот да ги сруши сите рекорди во историјата, односно да заработи неверојатни 900 милиони долари, па и повеќе од тоа.

Ако судиме според тоа што филмот чија официјална премиера се очекува да се случи утре, во деновите пред истата заработи 120 милиони долари, таа информација ќе биде и повеќе од точна.

Од американските кина информираат дека токму за овој филм досега имало најголем број предвремено резервирани карти отколку за било кој друг филм во историјата.

На затворената премиера на филмот во Лос Анџелес се собраа некои од најголемите холивудски ѕвезди, но секако, сето внимание беше насочено кон актерите кои ги толкуваат познатите ликови во филмот.

Највпечатливи на црвениот килим беа дамите од филмот што ги толкуваат улогите на Captain Marvel и Black Widow, Бри Ларсон и Скарлет Јохансон кои за пригодата одбраа блескави секси фустани во виолетова и златна нијанса.

Подеднакво шармантни беа и момците од филмот, а речиси секој од нив се одлучи за соодветен костум за пригодата.

Омилениот Роберт Дауни Џуниор на црвениот килим пристигна со неговата сопруга, облечен во црн светкав костум со црно – златна кошула и препознатливите жолтеникави очила.

На премиерата тој позираше со неговиот долгогодишен пријател и колега Бредли Купер кој како и секогаш изгледаше неодоливо.

Крис Еванс кој во филмот го толкува ликот на Captain America за пригодата одбра син костум во комбинација со малку посветла кошула и темна вратоврска.

Подеднакво згодни беа и Крис Хемсворт; Џереми Ренер, Џош Бролин, Себастијан Стен и Марк Рафало кои беа видно возбудени за завршницата на која сите толку долго чекаа.

Филмот е продолжение на минатогодишниот хит, Avengers: Infinity War, а е официјална завршница на приказните раскажани во 21 филм во продукција на Марвел, а сè започна со Iron Man во 2008 – та година.

Погледнете како помина премиерата на филмот во Лос Анџелес, во исчекување на македонската што треба да се случи на 25 -ти овој месец.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
23 април 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
359 пати